(видео) „Човек“ на Гоце Кантар – нова искра за прилепскиот алтернативен оган
Гоце Кантар ја објави својата најнова песна „Човек“. Музичко патување кое нуди автентичен и длабок израз.
Песната е целосно авторски проект, во кој Кантар го потпишува текстот и вокалната интерпретација, додека музичката продукција е во рацете на Томе Темелкоски, кој стои зад комплетната изработка на музичкиот запис – аранжманот, продукцијата и изведбата на сите инструменти.
Визуелниот идентитет на песната е збогатен со авторскиот видео запис на Кристијан Петрески (fydhws), кој го потпишува концептот, монтажата и визуелната нарација на „Човек“, создавајќи силна синергија помеѓу музиката и сликата.
За насловната фотографија се погрижи Вероника, која преку својата фотографија ѝ даде дополнителна естетска и симболична димензија на ова музичко издание.
Со „Човек“, Гоце Кантар отворa длабоки и човечки теми, оставајќи простор слушателот да се препознае во зборовите и атмосферата на песната.



