(видео) Кулутрата е скапа, некултурата уште поскапа
Сојузот на синдикатите на Македонија денеска, 28 јануари 2026 година, повикува на масовен протест кој ќе се одржи во 17 часот пред зградата на ССМ.
Протестот се организира поради долгогодишното игнорирање на работничките права и влошената положба на работниците. Синдикатите посочуваат дека ништо повеќе не се почитува, дека работникот е девалвиран и принуден да работи во небезбедни услови.
Според ССМ, животот за голем дел од граѓаните станал борба за преживување, а не за достоинствен живот. Недостасува вистински социјален дијалог, платите се ниски, а она што некогаш било нормално денес претставува луксуз.
„Работниците се понижени и сведени на нула. Нема среќни работници, нема сигурност, нема почит“, порачуваат од ССМ, додавајќи дека само заедно може да се избори промена.
Со протестот, синдикатите ќе испратат јасна порака: доста е.
Синдикатот на Култура на Рапублика Македонија, објави видео со кое дообјаснува, зошто вработените во култура треба да го поддржат овој протест:



