Промоција на „Сенки“ – Автобиогравски роман на Ице Симоноски

Во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, утре, 15 јануари, со почеток во 17.30 часот, ќе се одржи промоција на романот „Сенки“ од Ице Симоноски.



„Сенки“ е автобиографски роман кој на искрен и емотивен начин го раскажува животниот пат на авторот, со сите подеми и падови. Делото ја отвора борбата со алчноста, гордоста и алкохолот, прикажани како сенки што се надвиснуваат и се закануваат дури и со рушење на најсветата тврдина – семејството. Но, како спасител се појавува љубовта, единственото чувство што остава трајна трага, додека сè друго исчезнува како прашина.

Промотор на романот е Снежана Паноска, рецензент Весна Шереметкоска, модератор на настанот ќе биде Марија Мантова, а одбрани извадоци ќе чита Александар Тодески.

Слични Објави