Богатство од маски/сурати на прв ден „Прочка,,
22то издание на Kарневалот „ПРОЧКА 2024“, започна денес 15.03.204, во Центарот за култура Марко Цепенков.
Со отворање на изложба, богатство од креации на маски/сурати, изработени од учениците во основните и средните училишта, под менторство на нивните наставници по ликовно образование и оделенска настава, кои се партнери во целокупната организација. Ова се најмлади учесници, кои во иднина ќе ја продолжат традицијата на чување и презентирање на културното наследство, а годинава за прв пат своја креативна работилница имаат и градинките, кои го најавија своето учество.
Изложбата ќе биде поставена наредниве денови во Центарот за култура Марко Цепенков, каде ќе бидат прогласени и најдобрите избрани маски, а стручна жири комисија ќе го спроведе изборот.