Розов октомври во Прилеп: Aкција за подигнување на свеста за рак на дојка
Во рамките на одбележувањето на Розовиот октомври – месецот на свесност, поддршка и превенција од рак на дојка, Здружението Центар за развој и едукација во соработка со СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп организираше настан посветен на раното откривање и превенцијата од оваа болест.
Настанот беше исполнет со инспиративни пораки, едукативни активности и симболично засадување на хризантеми во розова боја, како потсетник за важноста на заедништвото и поддршката. Преку дружење и разговор, присутните испратија порака на солидарност со сите жени кои се соочиле или се соочуваат со рак на дојка.
„Секој ден е важен за превенција, но октомври не потсетува дека само заедно можеме да направиме вистинска промена,“ порачаа организаторите.
–Да бидеме гласни, информирани и поддржувачки – затоа што здравјето и свесноста немаат месец, тие се начин на живот.



