|

Амкање јајце и простување

Прочка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.

Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни производи или сукани пити. Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца.

 Амкањето јајаце е прастар обичај, кој се состои од „амкање“ или обид на дечињата со уста да го дофатат јајцето, кое е обесено на конец, кој виси на сукало или вретено, за да имаат среќа цела година. Детето што ќе успее да го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда.

Адет кој не смее да се заборави. На настанот кој се одржа во пред „Градскиот саат„ во Прилеп активистките од здружението „Порака“ од Прилеп го прикажаа амкањето на јајце пред прилепчани.

Слични Објави