| |

Отворени две нови игралишта во Прилеп

Две новореконструирани детски игралишта денеска беа пуштени во употреба во Прилеп. Компанијата WIK Македонија инвестираше во уредување на игралиштата во населба Рид и во паркот на Могилата на Непобедените, со цел да обезбеди на децата безбедни и модерни простори за игра.

Овие модернизирани простори претставуваат значаен придонес за локалната заедница, промовирајќи спортски активности и здрави животни навики. Компанијата WIK уште еднаш докажа дека е вистински пример за тоа како приватниот сектор може да придонесе за општественото добро.

„Ги охрабруваме и останатите општествено-одговорни компании да го следат овој позитивен пример, бидејќи со заеднички сили можеме да создадеме подобри услови за младите и сите граѓани.“ стои во изјавата од општина Прилеп

Овие проекти се дел од програмата на компанијата за општествена одговорност, а со нив се промовираат спортските активности и здравиот начин на живот кај младите.

Слични Објави