Блокади за тешки товарни возила на повеќе гранични премини

Од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека од денеска напладне е воведен прекин на сообраќајот за тешки товарни возила на повеќе гранични премини во државата.



  • Од 12 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Стар Дојран, ГП Богородица и ГП Меџитлија.
  • Од 12:20 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Ќафасан и ГП Блато.
  • Од 12:00 часот пред ГП Долно Блаце започнат е протест на превозници со тешки моторни возила, поради што товарниот сообраќај кон ГП Долно Блаце се пренасочува кај БП Дизел, а останатиот сообраќај се одвива нормално.
  • Од 12 часот отпочнати се блокади и на ГП Деве Баир, ГП Делчево и ГП Ново Село.

Слични Објави