|

Бидете дел од новогодишна бајка – во недела заеднички да го украсиме Крушево

Општина Крушево со покана до сите млади и стари, на 17.12.2023 година (недела) во 19:00 часот, Градскиот парк Општина Крушево/Municipality of Krusevo , сите заеднички да одбројуваме до целосниот блесок и сјај, со кој нашето градче ќе се претвори во новогодишна бајка.

Украсувањето на градот, значи за сите нас да имаме можност да ја почувствуваме новогодишната атмосфера и да уживаме во прекрасната зимска идила.

Ве очекуваме сите млади и стари на топло чајче, винце и ракија, слатки колачи и пред се топла атмосфера, да ја започнеме заеднички новата приказна за нашето Крушево.

Слични Објави