|

Повелете во Прилеп на 19-ти Декември на празникот Св. Никола-Чудотворец!

Нашиот патрон празник Св. Никола, заштитникот на Прилеп, е празник на мирољубивост, смирение и љубов! Како Општина Прилеп, заедно со нашиот годинешен домаќин, компанијата Комфи Ангел, го славиме со сета почит кон светецот.

По тој повод, на 19-ти декември на празникот Св Никола-Чудотворец, како градоначалник на општина Прилеп, ве поканувам, да ја одбележиме градската слава во духот на заедништво, слога и взаемна почит.

Чествувањето започнува во 08:00 часот со Архиерејска Божествена литургија со која ќе чиноначалствува митрополитот Преспанско-Пелагониски, г. Петар, во црковниот храм „Св. Блоговештение“-Прилеп.

Литија, во чест на Св.Никола Чудотворец, ќе се одржи во 11:00 часот, од црквата Св. Благовешетение до Параклисот „Св. Никола“.

Водосвет и прережување на празничниот колач ќе се изврши пред Параклисот на „Св.Никола“ во центарот на градот во 11:30 часот.

А, потоа, за сите добронамерници ќе биде послужена празнична, посна, светиниколска трпеза и ќе се одржи пригодна културно-уметничка програма на плоштадот „Александрија“ .

Повелете во Прилеп на 19-ти Декември!

Нека ни е честит и вековит патрониот празник , Св. Никола-Чудотворец!

Слични Објави