| |

Чистете ги приодите и дислоцирајте ги паркираните возилата

По синоќешните и денешните врнежи од снег, општината апелира до сите граѓани, куќни совети и сопственици на деловни објекти да се придржуваат кон законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти. Оваа обврска е важна не само за безбедноста на оние кои се движат по тротоарите, туку и за олеснување на работењето на екипите кои се на терен.

„Со заеднички напори ќе обезбедиме безбедно и олеснето движење, како и непречено извршување на секојдневните обврски за сите.“

Од општината исто така упатуваат апел до сите сопственици на возила да ги дислоцираат паркираните возила од коловозите, особено во централното градско подрачје и на потесните улици, за да овозможат непречен пристап на механизацијата и екипите кои интензивно работат на терен.

Екипите на општината, со соодветна механизација, работат на расчистување на улиците и патиштата во општината, а на терен се и екипите на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. Коловозите се чистат и посипуваат со сол и ризла, за зголемена безбедност на возачите., изјавија од општината

„Ви благодариме за вашата соработка и разбирање. Продолжуваме да ја следиме состојбата и да вложуваме максимални напори за непречено и безбедно функционирање во зимски услови! Вашата безбедност е наш приоритет!“, објавија од општина Прилеп.

Слични Објави