Недогасната првомајска скара предизвика пожар – изгорени куќа и штала во Пробиштипско
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани седум пожари на отворено низ државата, од кои еден во близина на депонија во Прилепско. Благодарение на навремените интервенции на противпожарните единици, сите пожари се изгаснати.
Особено алармантен е случајот што се случил вчера во село Марчино, општина Пробиштип, каде што пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Пробиштип интервенирале од 13:55 до 18:00 часот со две противпожарни возила и четворица пожарникари. Причина за пожарот била нецелосно изгаснат излетнички оган, оставен во дворот на напуштена куќа. Поради ветер, огнот се разгорел и ја зафатил околината, а потоа се проширил и на шталата и самата куќа.
Посочуваме за еден пожар што е пример дека кога се пали оган на отворено е потребно да се биде внимателен. Конкретно, пожарникарите од територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Пробиштип, вчера од 13.55 до 18.00 часот со 2 ПП возила и 4 пожарникари интервенирале на запалена напуштена куќа и штала во с.Марчино. Причина за пожарот бил оставен недогаснат оган од страна на излетници кои го имале запалено во дворот. Заради ветер се разгорел и ја запалил околината, а потоа и шталата и куќата. Овој случај не опоменува и ни го повторува старото правило дека излетнички оган се гасне целосно пред да се замине и не се остава сам да догори, потсетуваат од ЦУК.
Центарот апелира до сите граѓани да бидат особено внимателни при престој во природа, да не палат оган на отворено без претпазливост и да пријават секое забележано палење или чад до надлежните служби.