Анкетата за испитување на граѓански ставови за институциите

Во склоп на проектот „Фасадата држи, темелите тонат“ , кој е финансиран од НЕД, АГТИС спроведе анкета за длабинско мерење на граѓанската доверба во институциите, а за таа цел се испитуваа 3 составни елементи на ставот:

1. чувства за институциите,
2. познавање на нивните надлежности и како ги остваруваат и
3. нивната практика со институциите.

Анкетата е спроведена во период од 15. до 27. мај 2016 година. Теренскиот дел од анкетата траеше вкупно 6 дена, со дополнителни 3 дена за корективно анкетирање и теренскиот дел и телефонската анкета, како контролна и со методолошка важност.
Популационен примерок: 0,5 промили од целокупното население во РМ , односно 1.011 испитаници.
Репрезентативност на примерокот е постигнат со анкетирање во 8 градови и 21 село, групирани во 7 региони, како и со внимавање на етничката репрезентативност.
Претпоставен степен на доверба: (95 %)
Посакувана прецизност на мерење: ±3 – 5

Заклучок од анализата на анкетните резултати е дека јавната каузалност е прилично загрозена, со тоа не можат да се постават јасни јавни проценки на постапките на властите од гледна точка на законитост, моралност и етичност, а ¼ од населението слепо ги брани постапките на властите и институциите, иако не им верува, во исто време. Оваа потполна недоверба во институциите нив ги прави немоќни како оправдувачи (јустификатори) на јавните политики, со тоа не се центар на државниот и јавен живот, нивната уставна позиција е крајно изместена, па тој ваакум се полни со директна партиска интервенција, некаузална ОСД пропаганда и неинституционална јустификација (контрадемонстрации, квази – новинари, квази – НВОи и сл). Ваквата поставеност води кон трајна нестабилност и опасност по мирот и стабилноста на земјата.

Погледнете ги резултатите од анкетата на следниве линкови:
АГТИС: Презентација на анкетa;
ФОКУС насловна страна: Алал да им е на копилињата, се испокрадоа!

Слични Објави

Напишете коментар