16 ГОДИНИ THE HOUNDS – НАЈВАЖНИОТ МУЗИЧКИ НАСТАН ОВА ЛЕТО ВО ПРИЛЕП
Прилепските рокери THE HOUNDS, вечер во срцето на прилепската чаршија ќе прослават 16 години постоење. Четворицата прилепски фраери Златко – вокал и бас, Крсте – Гитара, Јане – Гитара и Илија – тапани со сигурност, како и секогаш ќе направат феноменална и енергична журка.
Цел Прилеп го чека овој настан затоа што е единствен од ваков вид и на роденденските концерти „благородните ловечки кучиња” ги канат и своите другари музичари да ја збогатат програмата. Оваа годидина тука ќе бидат најпопуларното македоноско електронско дуо Cyrillic со сет од половина час и Илија Волчески – Саксафон.
Почитувани другари и другарки, наши пријатели.
Со особена чест и задоволство Ве покануваме на нашиот годишен роденденски концерт, кој ќе се одржи на 21ви Август 2024г, во центарот на чаршијата во Прилеп, пред клубот Калинка.
На сцената нема да сме сами, традиционално ќе не придружуваат наши колеги, уметници, артисти. Заедно ќе направиме настан за паметење, кој со текот на годините прерасна во културен белег на градот, со преполн Прилеп и гости од цела Македонија.
Се гледаме на 21ви Август, во срцето на чаршијата, секогаш во среда – 16 години Хаундс – стои во поканата на бендот до сите Прилепчани и огромниот број фанови од цела Македонија.