ЕДНА ГОДИНА ВО ХАРМОНИЈА – КОНЦЕРТ НА „КЕРАМИЈА“
Во Понеделник (11.11.2024) со почеток во 19 часот, во Фоајето на НУЦК. „Марко Цепенков“ – Прилеп концерт на женскиот камерен хор „Керамија“ кој што воедно слави и една година од своето постоењето.
На програмата ќе бидат изведени дела од духовен карактер, македонски народни песни, песни од македонска забавна музика и англиски хитови.
Диригент: Катерина Попоска
Музички соработници на концертот на Женски камерен хор „Керамија“ ќе бидат Иле Иваноски пијано , Менде Ташкоски тамбура , Филип Бурнески тарабука, тапан.
Гостин на вечерта:
ПопРок хор „BIT VOX“ од Битола под диригентска палка на Марина Коруновска и пијано корепетиција Александрa Ристовска .
Поезија : Лина Димоска / Филип Димкоски
Влезот е слободен.