ОВАА ГОДИНА СИЛЈАН НИ НОСИ 5 ПРЕТСТАВИ

На 16. Септември, Понеделник, започнува детскиот театарски фестивал „Силјан Штркот“. Оваа година дечињата ќе се радуваат на 5 претстави.

На отворањето „МАЛ ТЕАТАР ПРИЛЕП“, ќе ја одигра „Убавицата и Ѕверот“, а следниот ден (Вторник) во 12 часот, ќе се одржи театарска работилница. Во 20 часот, сите љубители на театарот се поканети да ја погледнат „Чернодрински се враќа дома“, победничката претстава од годинешниот ДАФ во Кочани, во продукција на МТЦ Зона – Прилеп.

Во Среда Прилеп ќе го угости Театар Бабец од Битола. Во 12 часот ќе ја одиграат детската претстава „Бременски музиканти“, а во 20 часот за младинците (12+) ќе ја изведат „Сомнително лице“,

Четврток 19. Септември е резервиран за две различни работилници. Од 12 часот ликовна, а во 20 часот работилница ќе одржи танцовото студио „Зодијак“.

Во Петок е последната претстава, а таа доаѓа од Театар Штип – „Книголандија, а Сабота, јунаците од 5+ Бенд ќе го затворат фестивалот со свој концерт.

Слични Објави