ОПШТИНА МОГИЛА СО НОВИ ПОДРАЧНИ КАНЦЕЛАРИИ

Од Петокот (18.10) општина Могила е со нови две отворени подрачни канцеларии.

Заедно со министерот за земјоделие Цветан Трипуновски се отворени подрачните канцелариите на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и канцеларијата на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, во склоп на општинската зграда во Могила.

Преку овие канцеларии земјоделците од општина Могила ќе можат да поднесуваат апликации, да го проверат статусот на апликацијата, но и да ги следат активностите на Министерството од својата општина наместо да одат во Битола.

Слични Објави