Поповски: Феномените на детски болести во демократијата
Никола Поповски, поранешен министер за финансии, во емисијата „360 Степени” на Алсат М ТВ – 08.06.2018 г. сподели и делови од Проектот на АГТИС „Детски болести на демократијата”.
Tој спомена дека проектот „Детски болести на демократијата” ги истражува овие феномени … реформите во владата треба да се поддржат пошироко, општествено. „Владата обезбеди широка политичка поддршка, но треба да обезбеди поширока општествена поддршка. Владата не треба да е затворена за сугестии, особено кога се тие критички настроени за да се поправи нешто, треба да се вклучи поголемата јавност, стручност и експертиза, а гледаме дека таа како малку да се затвори” – истакнува Поповски.
Погледнете го целосното интервју.
АГТИС овој феномен на презентирање „Развој”, кој покажува „посветеност на владата” кон економијата и (потоа) правдањето на неуспехот да се достигне тој процент, преку „шокови” од најразличен вид, го смета за многу употребувани во политичкиот живот. Од тоа се нагледавме од минатата влада, а колку сме се развиле, видовме.
Политичката поддршка, без општествена е силна детска болест на нашето општество, затоа што последиците од политичката волја ги сноси општеството во целост, не политичарите.
Иако се појавуваат во широк дијапазон на ефекти, основата на овие детски болести е иста: Негирање на реалноста и неприфаќање на оценките дека се реформите неуспешни; Неприфаќање на одговорноста за неуспешните реформи, како и неуспевање да се адресираат неуспесите; и Јавното прифаќање на голем дел од населението на оправдувањата заради што реформите не биле успешни, во кои „странскиот фактор” игра главна улога, а ЕУ, НАТО и УСА стануваат „панацеа” за сите владини неуспеси. Со тоа, нашите политичари успеале реформите од „наша работа” да ги преместат во рамката „реформи од надвор”.
Сега, за среќа, барем „странскиот фактор” (Светска Банка, ЕБОР, ЕУ, НАТО и УСА…) не ги сметаме (повеќе) за генератори на неуспешните реформи, туку сосема спротивно: без нив и нашите желби за акцесија, не би имале никакви реформи.
Проектот Детски болести на демократијата е базиран на враќање на реформите како „наша работа”, заради наши потреби. Резултатите на проектот се групирани околу поттикнувањето на јавната свесност дека реформите се еминентно наша, а не туѓа работа.
„Наша” не значи само тесен круг политичари. Фингирањето на „наша” („општествена”), не е прифатливо. Владата треба да одреди ефикасни инструменти да ги консултира и ислуша експертите и НВО – ите, а не смешни средби, на кои поканува 30 врвни личности и им дава еден час да се искажат за толку широки теми, што нема време ниту да се набројат. После тоа велат дека реформите се „наши”, оти ви посветивме 1 час невнимание.