Проданоски: „Да сработиме што е можно повеќе за Прилеп и да го направиме најубавиот град за живеење во Македонија,“

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски, синоќа ја прогласи победата во првиот изборен круг за градоначалник на Прилеп.



„Сакам да го изразам моето огромно задоволство за поддршката која ни ја дадоа граѓаните. Повеќе од 50% од излезените гласачи заокружија за број 9 — за мене како кандидат за градоначалник и за мнозинството во Советот, предводен од идната претседателка Билјана Кржеска,“ изјави Проданоски.

Волјата на граѓаните е јасна. Тие го покажаа вистинскиот пат, избраа луѓе кои се вистинскиот избор. Нашата обврска сега е уште поголема — да сработиме што е можно повеќе за Прилеп и да го направиме најубавиот град за живеење во Македонија,“ порача Проданоски.

Дејан Проданоски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ освои 16 455 гласови.

Слични Објави