Поскапува дизелот од полноќ!
Дизелот поскапува од полноќ, бензините остануваат со иста цена
Новата одлука на Регулаторна комисија за енергетика носи зголемување од 2 денари за литар дизел и екстра лесно масло за домаќинство.
Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за утврдување на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати, која стапува во сила од полноќ.
Со одлуката, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 денари по литар и ќе изнесува 71,00 денар за литар. За ист износ поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство, кое ќе се продава по 70,00 денари за литар.
Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат непроменети.
Новата корекција значи повисоки трошоци за граѓаните кои користат дизел гориво, додека кај бензините засега нема промени.
ИНформација – РКЕ



