Цветкоски: РЕФОРМИТЕ СЕ СПОРИ, НЕДОВОЛНО ДОБРО ОБМИСЛЕНИ И НЕ СЕ ХРАБРИ

„Ако властите знаат дека граѓаните разбираат, барем по нешто од реформите, ќе се плашат да применуваат манипулации и реформски илузионизам. Велат, добра вест е онаа која крвари, или (барем) носи чипкани гаќи. Реформите не носат чипкани гаќи, ниту крварат, па затоа ние пробуваме да ги направиме интересни, за (барем) малку да влијаеме врз владините легислативни процеси. Преку карикатура, комично видео или анкета, работите стануваат повидливи, а кога тоа ќе го кажат најпознатите и најповиканите во оваа држава, Владата не може да кажe: Кучињата лаат, караваните поминуваат“ – заклучува  Александар Цветкоски, претседател на АГТИС.

Според него, реформите се спори, недоволно добро обмислени и не се храбри. Од АГТИС како организатори, не се неутрални, туку имаат и став и не им се допаѓа тоа што „нема јасни црвени линии во врска со СЈО, како да се работи за некое локално обвинителство, кое може – но не мора да биде самостојно и моќно, а не за институција која ја стави оваа држава на картата на демократијата и која ужива поголема доверба кај граѓаните од сите други постоечки институции“ – потенцира Цветкоски.

Изјавата на Цветкоски е дел од панелот „Реформски бенч-мракови: Дали имаме реформи и зошто не?“ , кој е активност во склоп на проектот на АГТИС, „Детски болести на демократијата“, поддржан и финансиран од НЕД.

Слични Објави

Напишете коментар