Судбината на реформите во услови на политичка криза

АГТИС го организираше експертскиот панел „Судбината на реформите во услови на политичка криза“, кој е дел од проектот „Детски болести на демократијата“, финансиран од НЕД. Целта на овој проект е: да ја зголеми одговорноста, транспарентноста и реформската насока на владата, напоредно со зајакнување на општите знаења за реформите, нивните причини, актери и „мерење“ на политичката волја.

Се разбира, во сета оваа политички кризна ситуација, политичка волја да се спроведат планираните реформи е секогаш под знак прашање. Во таква поларизирана ситуација, „пожарните потези“ на донесувачите на одлуки ги надминуваат па дури и девастираат планираните реформски потези, со што се смалува предвидливоста на резултатите. Од една страна слушнавме за недостаток на капацитет, за недостаток на политичка волја, од друга, за намерни блокади на поединечните реформски потези.

Тоа го отвори прашањето дали се реформите воопшто можни, како заради политички опортунитет, така и заради потребната општествена енергија, но не постои друг разумен одговор освен потврден, па, се јавува новото прашање: Како да се спроведуваат реформи во услови на политичка криза?

Панелот проба да одговори како да се реализираат реформи во услови на политичка криза, не само заради минатите, туку и заради очекуваното продолжување на постоечката, која ќе кулминира во секој случај. Во тој гап ќе биде изгубена и она малку енергија, која е произведена со реформските брендови „3-6-9“ и помалку познатата „Блу принт“. Дизајнот на модели и стил на реформи, кој би се одвивал во таква констелација би биле од помош за владата и јавноста.

Погледнете ја целата дебата на видеото во продолжение.

Слични Објави

Напишете коментар