ДАВИТКОВСКИ: НЕМА ДРЖАВНИ ИНТЕРЕСИ, ИМА ПАРТИСКИ ИНТЕРЕСИ

„Капацитет за спроведување на реформата недостасува. Ова и Владата го призна. Јавниот сектор е чуден сектор и тој многу тешко се реформира. Тие не сакаат реформи. Ако го оставиме сам да се реформира, тоа нема да се случи. Имаме премногу стратегии, и како секоја Влада си доаѓа, нова стратегија. Има стратегии, странци доаѓаат да ги работат стратегиите, а очигледно немаме политичка волја истото да го спроведеме.

Немаме единствени ставови за државни интереси. Ние имаме партиски интереси. Тоа е многу лошио за развој, особено за јавниот сектор. Доколку позиција и опозиција за стратешки интереси не се договорат дека се тоа државни интереси, и дека во прашање е развојот на државата, тоа не може да биде. Мора да се гледа големата слика, а големата слика е државата Македонија. Партијата е во функција на остварување на овие интереси“ – вели професорот Борче Давитковски.

Изјавата на Давитковски е дел од панелот: Реформски бенч-мракови: Дали имаме реформи и зошто не?, кој е активност во склоп на проектот на АГТИС, „Детски болести на демократијата“, поддржан и финансиран од НЕД.

Погледнете повеќе на видеото.

Слични Објави

Напишете коментар