|

1 000 001. Кога ќе гледаш претстава која што има смисла (ВИДЕО)

„Сите најубави нешта“ според мотиви на Данкан МекМилан (Оригиналниот наслов на монодрамата е „Every Brilliant Thing“) , е приказна е за менталното здравје, за децата соочени со тешките животни моменти низ кои минуваат родителите, за механизмите на справување кои ги развиваме низ животот и за случките кои оставаат белези на растењето и на животот како возрасни. Заснована на вистинити и невистинити случки, оваа монодрама потенцира колку е важно да остане надежта во фокусот и колку најмалите нешта на животниот список се причина за радување.

Приказната за херојот кој прави список со СИТЕ НАЈУБАВИ НЕШТА, прво за да и помогне на неговата мајка, а потоа продолжува за да се радуваат заедно со саканата, Игор Ангелов ја раскажува толку суптилно и ни ги пренесува сите емоции кои што секој човек ги носи, шти никој не може да остане рамнодушен. Интерактивен концепт во кој копмплетната публика станува барам едно парче од мозаикот наречен ТЕАТАР.

Лесната игра, која и е карактеристика кај Игор како актер, оваа тешка тема ја прави питка и разбирлива за секој гледач, а истовремено моќна за да допре силно и да не натера да размислуваме. За малите нешта, за убавите нешта, ЗА СИТЕ НАЈУБАВИ НЕШТА!

Слични Објави