(ВИДЕО) ВТОРА БЕРЗА НА ВИНИЛИ И АУДИО ОПРЕМА ВО ТАВЕРНА ПРИЛЕП
Вчера во клуб Таверна се одржа втората берза на винили. Од пладне па скоро цел ден, се пушташе одлична музика и ценителите на истата имаа можност и да се забавуваат, да разменат по некоја мисла и истовремено да ја збогатат својата колекција со нов носач на звук.
Како излагачи на винили се појавија Блаже Томески – Биџо, Даниел Ковач од Скопје, Q Records – Куманово, Васко од Битола и Јан Хозе – Белгија. Тука беше и Борче Мавро со својата аудио техника, а секој посетител можеше да купи и од уникатните накити и додатоци на УрбанЕра.
Задолжени за музичките сетови беа Dj Koko, Dj Simion Lotti и организаторот на оваа берза Блаже-Биџо.
На овој интересен настан присуствувше еден од најплодните прилепски музичари во последниве неколку години, Филип Јездиќ. Тој се обрати на присутните и сподели дел од својата професионална приказна. За почетоците, за концертите и за творењето на авторска музика каде комплетен автор е тој, а најинтересно е што во студио тој ги свири и сите инструменти. Се заблагодари на Томе Телемкоски за помошта во снимаањето и оформувањето на звукот на финалниот производ.