Над 180 спортски клубови и здруженија со финансиска поддршка од Општина Прилеп

Комисијата за финансирање и буџет при Советот на Општина Прилеп ја утврди распределбата на средствата предвидени за спортски клубови, здруженија и фондации за 2026 година. По разгледувањето на пристигнатите апликации по Јавниот повик бр. 01/2026, поддршка ќе добијат повеќе од 180 организации од областа на спортот, културата, образованието и граѓанскиот сектор.

Најголем дел од средствата се насочени кон спортот. Највисок износ од 3,8 милиони денари е предвиден за Ракометниот клуб Прилеп АД, додека Кошаркарскиот клуб „Мега Баскет“ ќе добие 300 илјади денари. Финансиска поддршка добија и Женскиот ракометен клуб „Деспина“, Шаховскиот клуб Прилеп, Пинг-понгарскиот клуб „Младост 96“, како и десетици фудбалски, одбојкарски, велосипедски, боречки и други спортски клубови од Прилеп и населените места.

Во делот на граѓанските организации, средства се распределени за културни, хуманитарни, образовни и социјални проекти. Меѓу нив се Друштвото за наука и уметност Прилеп, кое ќе добие 100 илјади денари, Градскиот дувачки оркестар со 120 илјади денари, како и повеќе здруженија кои работат во областа на културата, младинските политики, социјалната заштита и развојот на локалната заедница.

Комисијата не ги прифати барањата на ФК Победа и КМФ Победа поради некомплетна документација доставена во рамки на јавниот повик.

Во записникот се наведува дека дел од традиционалните културни манифестации, меѓу кои Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, фестивалот „Пеце Атанасовски“ и „Мариовско-мегленските културни средби“, ќе бидат финансирани преку посебната Програма за култура на Општина Прилеп.

Записникот е усвоен едногласно од членовите на Комисијата и ќе биде доставен до Советот на Општина Прилеп. По неговото усвојување, градоначалникот ќе склучи договори со корисниците на средствата, по што ќе започне исплатата на финансиската поддршка за 2026 година.

Целата листа на одобрени проекти

Ред бр.Име на здружение/спортски клубДоделени средства
1Здружение Фудбалски клуб Вондеркиндс Фудбалска Школа Прилеп40000
2Фудбалски клуб Млекар с.Мало Коњари Прилеп50000
3Фудбалски клуб Прилеп Сити  Прилеп40000
4Здружение Кошаркарски  клуб Мега баскет Прилеп300000
5Фудбалски клуб Динамо Мажучиште Прилеп40000
6Здружение Кошаркарски  клуб Мега баскет јуниор Прилеп40000
7Одбојкарски клуб 11 Октомври  19&64 Прилеп40000
8Здружение Фудбалски клуб ФК Академија Евро гол Прилеп40000
9Фудбалски клуб Стрела 21 с. Ерековци Прилеп40000
10Женски Фудбалски клуб ЖФК Цевитана  Прилеп100000
11Здружение на граѓани фудбалски клуб Големо Коњари с.Големо Коњари Прилеп100000
12Здружение фудбалски клуб Корзо 2016 Прилеп40000
13Фудбалски клуб Кадино -с.Кадино Прилеп40000
14Здружение фудбалски клуб ФК  Ултрас Прилеп50000
15Здружение Одбојкарски клуб Феникс Прилеп40000
16Спортско здружение Ракометен клуб Филип ИС 10 Прилеп40000
17Фудбалски клуб Перак Прилеп40000
18Здружение Кошаркарски клуб Декса-РКШ Прилеп30000
19Здружение Кошаркарски клуб АЛЛ Старс Прилеп30000
20Фудбалски клуб Прилеп Прилеп40000
21Фудбалски клуб Пролетер Прилеп40000
22Одбојкарски клуб 11-ти Октомври – 2008 Прилеп40000
23Акционерско друштво Ракометен клуб Прилеп АД Прилеп3800000
24Здружение женски ракометен клуб Деспина Прилеп150000
25Здружение на ракометни ветерани Манки Џеј Прилеп40000
26Здружение за спортски активности Проект Обединетост40000
27Спортска академија ПРО АТЛЕТИК Прилеп30000
28ФК Победа Прилеподбиен
29ФК Братство Големо Коњари40000
30Здружение Одбојкарски клуб 11ти Октомври Ветерани Прилеп40000
31Здружение за мал фудбал КМФ Победа Прилеподбиен
32Шаховски клуб Прилеп,  Прилеп150000
33Шаховски клуб Пелагон,  Прилеп50000
34Велосипедски клуб Скај Рајдерс Бајк Прилеп40000
35Параглајдинг клуб Скај Рајдерс Прилеп100000
36Карате клиуб Спорт 94 Прилеп15000
37Клуб за боречки  спортови и рекреација 7-ми Мај Прилеп120000
38Боксерски клуб АС Прилеп60000
39Кик-Боксинг клуб Шампион Прилеп30000
40Здружение параглајдин клуб Скај но лимит Прилеп25000
41Тениски клуб Прилеп Прилеп40000
42Клуб за спорт и рекреација на инвалиди Прилеп20000
43Здружение клуб за гимнастички спортови Партизан Соколи Прилеп40000
44Здружение Тениски клуб Винер-Про Прилеп40000
45Здружение за спорт и риболов Сомче Прилеп20000
46Здружение Спортско качувачки клуб Златоврв Прилеп20000
47Кклуб за спорт и шах на слепи и слабовидни лица Александар Тодороски Прилеп20000
48Пинг-понгарски клуб Младост 96 Прилеп190000
49Стрелачки клуб Мета -10 Прилеп15000
50Џудо клуб Пролетер Прилеп35000
51Пинг-понгарски клуб Младост  Прилеп30000
52Аероклуб Прилеп Прилеп20000
53Здружение Џудо клуб Санкаку Прилеп20000
54Здружение џудо клуб Прилеп Прилеп20000
55Здружение карате клуб Феникс Прилеп20000
56Здружение пинг-понгарски клуб за лица со инвалидност-Полиоспорт Прилеп12000
57Здружение Кик Бокс клуб Ронин Прилеп30000
58Здружение  Боксерски клуб Ронин -2024 Прилеп30000
59Здружение Џудо клуб Сеишин Прилеп80000
60Воздухопловен спортски клуб Фил – Феникс Прилеп30000
61Здружение пинг-понгарски клуб Прилеп Прилеп20000
62Здружение за љубители на спортски танци-Танцов спортски клуб Темпо Прилеп15000
63Стрелачки клуб Херој Прилеп Прилеп15000
64Стрелачки клуб Стрелец -09 Прилеп15000
65Градски Стрелачки клуб Нишан 08 Прилеп15000
66Здружение Кик бокс клуб Максам Тим Прилеп20000
67Здружение Осака Џудо клуб Прилеп20000
68Здружение за спорт ВК Херој Прилеп40000
69Здружение на параглајдеристи Параглајдинг клуб Кондор Прилеп26000
70Здружение  на велосипедисти Маркови Точкаџии Прилеп100000
71Здружение Велосипедски клуб Илинден 2007 Прилеп100000
72Здружение за организација на спортски и културни настани Трча 2023 Прилеп100000
73Здружение за унапредување на велосипедизмот Велоче Бајк Прилеп40000
74Здружение за спорт – пливачка и ски школа Делфин Борче Прилеп30000
75Здружение на мотоциклисти Мото Клуб Хард Ендуро Прилеп60000
76Здружение ПРО БОКС Македонија70000
77Спортско риболовно здружение Локал Фишинг20000
78Здружение за Аеробик и Пилатес ММФИТ Ирена30000
79Џудо клуб Мастер20000
80Здружение СПАРТАН ЏИМ Прилеп20000
81Здружение за фитнес и јога Студио 320000
82Здружение за љубители на автомобили БРАДЕРХУД60000
83Здружение Ориентационен клуб Златоврв30000
84Здружение за мешани боречки вештини Екстрим Прилеп30000
85Здружение Извиднички одред Феникс Прилеп40000
86Здружение на планинари и алпинисти Трескавец Прилеп20000
87Здружение Спортско друштво Клуб за гимнастика Авангард Прилеп50000
88Здружение пливачки клуб Победа Делфин Прилеп30000
89Здружение Тунинг кар шоу Прилеп60000
90Планинарско спортско здружение Козјак Прилеп20000
91Сојуз за училишен спорт на Општина Прилеп120000
92Здружение за Фитнес и Боди Билдинг-Професионал Прилеп20000
93Здружение за планински активности и афирмација на жената во спортот Пелагона Прва 2020 Прилеп20000
94Спелеолошка Федерација на Македонија Прилеп30000
95Риболовно Здружение Силурус Гланис Прилеп20000
96Здружение Планинарско спортско друштво Момата Прилеп30000
97Здружение на љубители на ридско планински активности рокенрол и добра чашка Велосипед-2015 Прилеп40000
98Здружение Стреличарски клуб Стрелец Прилеп15000
99Здружение Национална Ориентациона Федерација Прилеп20000
100Здружение КУД „Мирче Ацев“ Прилеп30000
101Здружение ЕХО едукативно-хуманитарна организација Штип Подружница -Огранок Прилеп10000
102Здружение за едукација и портал за современи изведувачки уметности Кире Миладиноски танц студио Зодијак Прилеп30000
103Културен истражувачко-документациски центар за Мариово Калеш Анѓа с.Крушевица20000
104Пчеларско здружение Братство Прилеп30000
105Здружение Центар за иновации и развој Инос Прилеп15000
106Организација на жени Китка Прилеп30000
107Здружение на Инвалидски Пензионери Прилеп20000
108Здружение Организација за развојни иницијативи и општествена надоградба Орион Глобал Прилеп15000
109Здружение за образование, култура и уметност Зокум Прилеп30000
110Здружение за развој на демократијата и слобода на говорот Публикум Медиа Прилеп20000
111Здружение на Прилепски бранители Прилеп50000
112Здружение Прилепски Мечкари Прилеп50000
113Здружение Фолклорен Ансабал Бисер 2024 Прилеп10000
114Здружение Мултимедиа Прес Прилеп40000
115Здружение за креативни активности Балада арт -продукција Прилеп50000
116Здружение за настани, манифестации и едукации Проевент Прилеп20000
117Здружение за конвивиум Слоу Фуд Прилеп35000
118Здружение за унапредување на здравјето Филип Лукароски Прилеп25000
119Здружение Лајонс клуб Прилеп20000
120Здружение за мултикултурна афирмација и едукација на жените и младите во руралните средини Секогаш соживот с.Канатларци Прилеп20000
121Организација на жени Орхидеја Прилеп30000
122Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. Прилеп25000
123Здружение на слепи лица на град Прилеп20000
124Центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост Порака Прилеп40000
125Здружение сервис за социјални услуги Добро срце Прилеп15000
126Здружение Мариовско Мегленски културни средби Прилеп
127Републички фестивал на народни инструменти и песни Пеце Атанасовски с. Долнени
128Македонски театарски фестивал Војдан Чернодрински Прилеп
129Здружение клуб на литературни творци Прилеп35000
130Здружение културно уметничко друштво Преродба 24 Прилеп18000
131Здружение на граѓани за едукација, екологија и иновации Нов мост Прилеп18000
132Здружение Форум за авангардна креативност Прилеп45000
133Друштво на љубители на Интернет Комуникации Прилеп40000
134Здружение за советување, едукација, рехабилитација, развој,креативност и игра Едукативен центар Светлина плус Прилеп15000
135Здружение за хуманитарна и социјална акција – Преродба- Прилеп30000
136Сојуз на здруженијата за техничка култура Народна техника Прилеп25000
137Здружение за заштита и спасување Спасителна служба Златоврв Прилеп30000
138Здружение за едукација, управување и консалтинг ЕУ Консалтинг Прилеп12000
139Здружение Центар за развој и едукација Прилеп35000
140Сојуз на борци од народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и граѓани продолжувачи Прилеп20000
141Здружение Младински совет Прилеп20000
142Санатате- Здружение за подобрување на здравјето преку информации и обуки Прилеп15000
143Здружение Вокален Октет „Прилеп“-Прилеп30000
144Здружение на граѓани Здружение на резервни воени обрзници-учесници во настаните 2001-2002 Прилеп25000
145Здружение на лица со телесен инвалидитет на Прилеп-Мобилност Прилеп-Прилеп30000
146Здружение на учесници на Карпалак Прилеп30000
147Здружение Навивачка група Мајмуни Прилеп15000
148Здружение Културно уметнички центар Артист Медиа Прилеп30000
149Здружение Тренинг центар за личен развој, комуникација и советување Луна Тринити Прилеп15000
150Едукативен Центар Идеа Скопје -Подружница Прилеп15000
151Здружение Едукативен центар Детска амбасада Прилеп35000
152Здружение Платформа за Креативни Коцепти Прилеп40000
153Клуб советувалиште за лекувани алкохоличари Прим.д-р Методија Николоски -Мец Прилеп15000
154Здружение на глуви и наглуви 2018 Прилеп12000
155Здружение за спорт и рекреација Ебаго Таблаџии Прилеп25000
156Друштво за наука и уметност Прилеп100000
157Здружение за Перспективна Интеграција и развој Рома Перспектив Прилеп30000
158Радио клуб Никола Тесла Прилеп25000
159Здружение на граѓани Театарска работилница Прилеп25000
160Здружение Рурален земјоделски центар Прилеп15000
161Здружение Глембај Аб Прилеп15000
162Здружение за модерни танци Њу Џенерејшн Прилеп35000
163Прилепско здружение на Македонците од Егејскиот дел на Македонија и нивните потомци Прилеп25000
164Здружение за културни активности и манифестации Винтер Априкотс Прилеп35000
165Здружение за унапредување и развој на образованието и науката Е-Хемија Прилеп30000
166Културно уметничко друштво Пере Тошев Прилеп30000
167Здружение за протераните Македонци од егејскиот дел на Македонија – Прилеп20000
168Здружение за едукација, развој, јакнење и вмрежување ЕДЕН ХАБ Прилеп15000
169Здружение за едукација, развој и хуманитарни активности ЛОТ 2019 Прилеп35000
170Здружение на лица со дијабетес Сина Револуција Прилеп20000
171Здружение на деца и лица со посебни потреби Нов шарен свет20000
172Здружение за културни активности СТРИТ ФУД ФЕСТ Прилеп50000
173Здружение Друштво на прогаоѓачите и авторите на технички унапредувања12000
174Здружение Асоцијација за граѓанска толеранција и соработка АГТИС20000
175Здружение за рана интервенција, стимулација на детски развој, сензорна интеграција, едукација и советување СЕНЗОРИЈА КАБИНЕТ Прилеп15000
176Друштво за заштитта и одгледување на птици КАРДИНАЛ15000
177Здружение за заштита и помош на животни ЛИСКА ХЕЛП Прилеп20000
178Здружение Градски дувачки оркестар 2026 Прилеп120000
179Здружение Центар за зајакнување раст и развој на заедницата ЕДЕН ПЛУС за сите15000
180Здружение за музичка продукција и организација на настани ПРИЛЕП МЈУЗИК60000
181Здружение на граѓани Мајка Традиција20000
182Здружение ТРНАН 202415000
183Здружение Културно уметнички центар Артист Медиа Прилеп20000

Слични Објави