На денешен ден е роден Петре М. Андреевски

На денешен ден, во 1934 година, во демирхисарското село Слоештица е роден македонскиот великан Петре М. Андреевски – поет, романописец, раскажувач и драмски автор, чие творештво остави неизбришлива трага во македонската литература.

Андреевски се вбројува меѓу најзначајните и најчитаните македонски автори. Неговите дела, исполнети со силни емоции, народна мудрост и длабоко чувство за човековата судбина, и денес допираат до нови генерации читатели.

Неговиот роман Пиреј се смета за едно од највредните дела во современата македонска книжевност. Преку судбината на Јон и Велика, авторот создава потресна приказна за љубовта, страдањето, загубата и истрајноста на македонскиот човек.

„И тогаш удри дождот. Господе, си мислам, ова дека секнаа очите мои, ова дека немам повеќе солзи, си мислам за дождот. И небото плаче за Ангелета мој, си мислам. Ум недоветлив, човечки…“

Со овие зборови од „Пиреј“, денес се потсетуваме на Петре М. Андреевски – автор кој од човечката болка создаде литература што останува да живее долго по нас.На денешен ден, во 1934 година, во демирхисарското село Слоештица е роден македонскиот великан Петре М. Андреевски – поет, романописец, раскажувач и драмски автор, чие творештво остави неизбришлива трага во македонската литература.

Андреевски се вбројува меѓу најзначајните и најчитаните македонски автори. Неговите дела, исполнети со силни емоции, народна мудрост и длабоко чувство за човековата судбина, и денес допираат до нови генерации читатели.

Неговиот роман Пиреј се смета за едно од највредните дела во современата македонска книжевност. Преку судбината на Јон и Велика, авторот создава потресна приказна за љубовта, страдањето, загубата и истрајноста на македонскиот човек.

„И тогаш удри дождот. Господе, си мислам, ова дека секнаа очите мои, ова дека немам повеќе солзи, си мислам за дождот. И небото плаче за Ангелета мој, си мислам. Ум недоветлив, човечки…“

Со овие зборови од „Пиреј“, денес се потсетуваме на Петре М. Андреевски – автор кој од човечката болка создаде литература што останува да живее долго по нас.

Слични Објави