|

🗑️ За три дена собрани 98 вреќи отпад од Градската Река

Комуналните работници изминативе денови спроведоа темелна акција за чистење на коритото и зелените површини околу Градската река . Отпадот, кој во најголем дел бил донесен од врнежите, но и фрлен директно од несовесни граѓани, повторно ја отвори темата за културата на живеење во градот.



Според информациите од ЈКП „Комуналец“, за само три дена биле собрани вкупно 98 црни вреќи со отпад, што претставува загрижувачка бројка и јасен показател за навиките на дел од граѓаните и деловните субјекти кои гравитираат околу оваа локација.

Од комуналното претпријатие апелираат граѓаните и сопствениците на бизниси отпадот да го собираат и уредно да го предаваат на комуналните работници, наместо да го исфрлаат во коритото на реката и зелените површини.

„Секој отпад има свое место. Во општината има поставена комунална инфраструктура речиси на секој чекор, потребна е само малку свест, одговорност и љубов кон градот“, порачуваат од Комуналец.

И покрај редовните акции за чистење, состојбата се повторува, што отвора дилема – дали проблемот е во капацитетите на институциите или во навиките на граѓаните?

Слични Објави