|

Здружението „Преродба“ од Прилеп со свечен концерт ќе одбележи 20 години постоење

28 септември 2026 – Здружението за хуманитарна и социјална акција „Преродба“ – Прилеп под мотото „Човекот се препознава по културата и традицијата“, организира свечен концерт по повод јубилејот – 20 години од своето постоење.

Свечениот настан ќе се одржи во понеделник, на 28 септември 2026 година, со почеток во 18:00 часот, во големата сала на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп. Влезот за сите посетители е слободен.

Концертот е посветен на негувањето на македонската песна, оро и културно наследство, а на сцената ќе настапат бројни изведувачи и ансамбли од Прилеп и регионот:

  • Женска пејачка група „Преродба“
  • Драмска секција „Преродба“
  • Поетска секција „Преродба“
  • Весели пензионери – Македонски Брод
  • КУД „Пере Тошев“
  • Алексо Тришоски – Кичево
  • Сашо Башески
  • Женска пејачка група „Орхидеја“
  • Михаил Здравески
  • Октет Прилеп

Од Здружението „Преродба“, упатуваат отворена покана до сите љубители на македонската традиција и песна да присуствуваат и заеднички да го одбележат овој голем јубилеј.

Слични Објави