| |

Ресенчани ќе добијат отшета од општината

Општина Ресен информира дека ќе ги обесштети граѓаните кои претрпеа штета од големиот пожар што ја зафати Преспа, погодувајќи делови од четири села. Пожарот, кој избувна на 11 јули, предизвика штета на јаболковите насади, пчелните колонии и други корисни површини во регионот.

„Барањето за пријавување на штетата може да се добие од Општина Ресен или да се преземе од веб-страницата на општината. Покрај барањето, секој подносител мора да достави и дополнителна документација во зависност од видот на штетата, како што се податоци за имотот и сопственоста, бројот на пчелни колонии, бројот и видот на дрвјата, староста на насадите и други релевантни информации“, соопшти Општина Ресен.

Пријавувањето на штетите е можно до 23 септември, по што општинска комисија составена од експерти ќе ја процени штетата и ќе одреди надоместок за загубите предизвикани од пожарот.

Слични Објави