|

Прилеп: МВР го апси – мајка не го дава!

Во Прилеп се одвила несекојдневна и драматична ситуација – мајка завршила во полициска станица откако физички нападнала полициска службеничка. Инцидентот се случил синоќа околу 23:10 часот, по апсењето на нејзиниот син поради поседување марихуана.



Според податоците на МВР, во станицата е приведена 45-годишната Т.Б. од селото Бела Црква, општина Кривогаштани. Таа дошла во полициската станица во Прилеп и, наместо да побара информации за синот, бурно реагирала и физички нападнала полициска службеничка.

Нејзиниот син, 18-годишниот А.Б. од истото село, бил уапсен нешто порано – околу 19:30 часот во селото Славеј, прилепско – откако полицијата кај него пронашла марихуана. Момчето било задржано во станицата за понатамошна постапка, но состојбата ескалирала кога мајката пристигнала и започнала расправија со полицијата.

„Случајот е целосно обработен, а по негово завршување против двајцата ќе следуваат соодветни кривични пријави“, соопштуваат од МВР.

Фото: МВР Фејсбук

Слични Објави