|

Колективниот договор за култура: Напредокот што некој сака да го избрише

Во Македонија, секој чекор напред понекогаш се среќава со отпор од „напредни“ сили кои, по принципот на инерција, сакаат да не вратат назад. Таков е и случајот со Колективниот договор за култура – документ кој, по децении хаос и безредие, донесе ред и сигурност за вработените во културните институции.



До 2020 година културата функционираше во апсолутен хаос: плати се договараа преку телефонски разговори, антикризни мерки траеа со децении, унапредувања и додатоци се доделуваа селективно, а работничките права беа „толкувани“ по волјата на поединци во Министерството за култура.

Со воведувањето на Колективниот договор, првпат се воспостави:

  • еднаква плата за исто работно место;
  • јасно уредени додатоци;
  • систем за унапредувања;
  • исплата на стручни звања.

Со ред дојде и одговорност, што, пак, предизвика незадоволство кај оние кои живееја од хаосот.

Во 2025 година, по март, проблемите станаа видливи:

  • намалување на плати за околу 3% поради непочитување на Колективниот договор;
  • непредвидени финансиски средства за јубилејни награди;
  • неисплаќање на дневници за службени патувања;
  • селективни унапредувања и доделување на стручни звања „по списоци“;
  • ненавремена исплата на плати во пресрет на празници.

Буџетот за култура за првпат беше скриен од јавноста, а институциите добија задача да ја објават годишната програма без прецизирани финансии, и покрај тоа што многу од нив немаат ниту веб-страници.

Секој обид за враќање на хаосот преку укинување на Колективниот договор е обид за задржување на моќта на поединци врз културните работници, кои порано беа зависни од милоста на Министерството.

Сепак, времињата се сменети. Денес, културните работници имаат синдикат што ги штити, знаат кои се нивните права и нема да дозволат истите да бидат погазени. Колективниот договор за култура не е само документ – тој е симбол на ред, правичност и глас на културата.

„Желбата за укинување на Колективниот договор е обид да се врати хаосот во кој најлесно владеат мрачните сили. Но културните работници нема да молчат“, велат од синдикатот.

Слични Објави