Поддржете го прилепскиот тим „Wall Street Minds“ со AI иновација во трката за „Средношколец милионер“!
„Средношколец милионер“ е најголемиот национален натпревар за иновации и бизнис идеи, наменет исклучиво за средношколци од Македонија. Организиран од NU Академиите за талентирани средношколци и Brainster Next College, натпреварот има за цел да ги открие најкреативните млади умови кои создаваат решенија со потенцијал да прераснат во успешни компании. Главната награда изнесува 1.000.000 денари, што го прави овој натпревар најатрактивниот за млади иноватори во земјата.
Во трката за победа е и прилепскиот тим Wall Street Minds од СОУ Гимназија „Мирче Ацев” – Прилеп, составен од шест талентирани ученици: Глигор Иваноски (лидер), Леона Фукароска, Давид Гулески, Марин Христоски, Никола Здравески и Дамјан Лазески. Тие се натпреваруваат со – AI платформа која функционира како паметен брокер. Платформата автоматски анализира берзите, криптовалутите и цените на недвижнините, создава персонализирани стратегии за инвестирање и препознава најдобри моменти за купување или продавање.
Оваа иновација има за цел да го олесни инвестирањето и да ја направи финансиската технологија достапна за секој граѓанин, дури и за оние без претходно знаење.
Поддржете ги прилепските средношколци – гласајте за тимот WallStreet Minds и помогнете им да станат првите „средношколци милионери“!



