| |

(видео) Две директорки и ниеден печат во гимназијата во Демир Хисар

Прес-конференција за случувањата во СОУ „Крсте Петков Мисирков“ Демир Хисар

Денеска во адвокатската канцеларија на Жарко Стеваноски во Прилеп се одржа прес-конференција на која заедно со разрешената директорка Маја Лозановска беа презентирани наодите за случувањата во СОУ „Крсте Петков Мисирков“ Демир Хисар, кои последниве недели ја привлекоа вниманието на јавноста.

На пресот беше посочено:
– Начинот на кој, според изнесеното, се вршело политичко влијание во воспитно-образовниот процес во училиштето.
– Злоупотребата на полугите на власта со цел партиски вработувања.
– Вклученоста на одредени државни органи и одговорни лица во забрзување на процесот на промена на раководните органи.
– Штетата што, според изнесеното, е предизвикана врз нормалното одвивање на наставата непосредно пред почетокот на новата учебна година.

Присутните истакнаа дека со обелоденувањето на овој случај јавно се спротивставуваат на партизацијата во образованието и упатија повик за заедничка борба против политичките влијанија во училиштата.

Погледнете ја целата прес-конференција:

Слични Објави