Бесплатен влез во музеите по повод Меѓународниот ден на музеите
Во недела, 18 мај 2025 година, Прилеп повторно ќе биде дел од глобалната културна мрежа што го одбележува Меѓународниот ден на музеите.
По тој повод, НУ Завод и Музеј – Прилеп ги кани сите љубопитни граѓани, ученици, туристи и вљубеници во културата да ја искористат можноста за бесплатна посета на музејските поставки Од 10 до 17 часот.





Посетителите ќе имаат можност да ги разгледаат:
- Меморијален музеј „Кузман Јосифоски Питу“,
- Меморијален музеј „11ти Октомври 1941“ – Участак,
- Музеј за тутун – постојана поставка,
- Галерија на икони – постојана поставка,
- Археолошка поставка,
- Лапидариум,
- Етнолошка поставка,
- Роднокрајна музичка поставка.


