| |

Камп фест Преспа 2025 – Музика, кампување и еко-акција за чиста животна средина

На 30 и 31 август, на плажата кај авто кампот Крани ќе се одржи Камп фест Преспа 2025. Настанот носи уникатна комбинација од бесплатен кампинг, вечерна забава со диџеј и бендови, но и утринска еко-акција за чиста Преспа.

Под слоганот „Преспа, разбуди се!“, фестивалот ги охрабрува младите, љубителите на природата и сите посетители да уживаат во убавината на езерото и истовремено да придонесат за неговата зачуваност.

Организаторите најавуваат богата програма, со акцент на утринската еколошка акција во недела, кога волонтери и посетители ќе се приклучат на чистење на брегот и околината на Преспанското Езеро.

„Два дена полни со дружење, музика и чиста енергија на брегот на Преспанско Езеро! На 30-ти и 31-ви август, обедини се со нас на Камп фест Преспа – забавувај се вечерта, а наутро прави добро дело за природата. Бесплатен кампинг простор, музичка програма и еко акција. Едно поинакво доживување во Преспа, каде што се сретнуваат авантурата, забавата и љубовата кон природата.“

Организаторите упатуваат повик до сите љубители на природата, младите и семејствата да се приклучат, да уживаат во дводневната програма и заедно да придонесат за поубава и почиста Преспа.

Фестивалот се организира со поддршка на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија преку иницијативата #ЕУзаПреспа, во партнерство со Еко Герила Преспа и Институтот за комуникациски студии (ИКС). Целта е преку забава и заеднички активности да се подигне свеста за заштита на природата и одржлив развој во регионот.

Слични Објави