„Традициски играч-пејач“ – Нов смер во Државното музичко училиште
Нов образовен профил – „Традициски играч-пејач“ – од оваа учебна година е воведен во Државното музичко училиште во Битола, како прв од ваков вид во регионот. Со ова младите ќе имаат можност професионално да ја изучуваат и негуваат македонската традиционална музика и игра, кои се столб на националниот идентитет и културното наследство.
Во просториите на Државното музичко училиште се одржа настан, насловен како „ ЗВУЧНА ОСТАВНИНА – ОД ТРАДИЦИЈА ДО УМЕТНОСТ “, кој е во рамките на БИТФЕСТ, а го означи започнувањето на изучување на нов образовен профил во музичкото училиште – Традициски играч-пејач.
Со отварањето на смерот, кој е единствен од ваков профил во регионот, преку младите генерации, продолжува да живее македонската традиционална музика и игра, кои се сржта на македонскиот идентитет.
Наставата ќе им овозможи на учениците да ги совладаат вештините на традиционалното пеење и играње, со цел тие да станат амбасадори на македонската култура, како на домашната, така и на меѓународната сцена


