| |

„Јавен простор“ се врати – 200 години Саат Кула Прилеп (видео)

Граѓанската иницијатива која во 2018 години го реанимираше Прилеп после долгогодишна зачмаеност, безидејност и потиснатост, после поголема пауза, овој пат со помош од Winter Apricots повторно го заживеа платото пpед Саат Кулата во Прилеп. Овој пат за да се одбележат 200 години од изградбата на самата кула.



Звонко Димоски, кој е творец на оваа преубава градска иницијатива, на почетокот на настанот најави дека и во следните три недели, кај сатот ќе се организираат забави или како што ги крстиле Краток циклус на настани „Филм и Музика кај Саатот“. Синоќа беше проектиран документарниот филм за Саат Кулата, а на крај прилепчани ги забавуваше ДЈ Роби Реј Робот, кој не само музика, нуди и ласерско шоу.

За изградбата на Саат Кулата, зборуваше. Милан Тасламиџиески, кој раскажа за мајсторите кои го граделе и како се надминал проблемот кога Саат Кулата веќе била со иста висина како џамијата, но со сеуште непоставен сат.

Овој циклус на настани, во организација на Јавен Простор Прилеп и Winter Apricots , е поддржан од Општина Прилеп, Кафе Чоше и Кафе Носталгија

Слични Објави