|

59-та седница на Советот на Општина Прилеп

Денес се одржа редовната 59-та седница на Советот на Општина Прилеп, на која советниците расправаа и донесоа одлуки по повеќе точки.

Во фокусот на седницата беа прашања поврзани со образованието – советниците донесоа одлуки за давање согласност на годишните планови за вработување за 2026 година на повеќе основни и средни училишта:

ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ – Прилеп, СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп, ООУ „Рампо Левката“ – Прилеп, ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп, ООУ „Круме Волнароски“ – с. Тополчани и ООУ „Страшо Пинџур“ – с. Мало Коњари.

Советот даде согласност и за финансискиот план на новоотворена сметка за проектот Еразмус+ на ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп, како и за именување претставник на Општина Прилеп во Училишниот одбор на истото училиште. Со одлука на Советот, се измени и дополни Деловникот на Советот, а беше формиран Совет за превенција на детско престапништво.

Советниците го усвоија кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Прилеп за периодот од 1 јануари до 31 март 2025 година. Дадена е согласност и на Годишниот план за измена и дополнување на планот за вработување за 2025 година на ЕЛС Општина Прилеп.

На седницата беше усвоен и тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески – Платник“ – Прилеп за периодот од 1 јануари до 31 март 2025 година. Исто така, беа именувани нови членови на надзорниот орган на оваа установа и беше донесена одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметка на плати во ЈКП „Пазари“ – Прилеп за 2025 година.

Советот ги усвои и годишниот и финансискиот извештај за работа на ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп и даде согласност за кофинансирање на проектот „Подобрување на противпожарната заштита во Пелагонискиот регион преку набавка на противпожарни возила за ТППЕ – Прилеп“.

На крајот на седницата беа усвоени и следниве програми:

Програма за измена и дополнување на програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Прилеп за 2025 година и Програма за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Прилеп за 2025 година.

Слични Објави