ШТРКОВИТЕ ДЕНEС ЗАМИНУВААТ НА ЈУГ
Според традицијата, штрковите заминуваат во потоплите краишта на празникот „Свети Пантелејмон”
Во прилепското село Кривогаштани, каде што штрковите се дел од секојдневието, жителите забележуваат дека пернатите гости полека се подготвуваат за својата традиционална преселба. Според локалната традиција, на 9 август – празникот „Свети Пантелејмон“ – штрковите го напуштаат селото и заминуваат кон потоплите краишта, каде што ќе ја поминат зимата.
Жителите, кои неформално проценуваат дека годинава во селото има околу 50 штркови, со години живеат заедно со овие птици. Гнездата се поставени на кровови, бандери и столбови, а штрковите се сметаат за симбол на среќа, верност и нови рожби.
„Тоа е така откако паметиме. Секогаш пред 9 август почнуваат да се собираат и да исчезнуваат едно по едно. Можеби чекаат и пасоши – времињата се такви“, низ смеа велат кривогаштанци, кои на штрковите гледаат како на свои соседи.
И покрај обидите на локалните власти да создадат посебна „населба“ со гнезда, штрковите си остануваат верни на старите локации. „Тие си знаат, ние само научивме да ги почитуваме нивните навики“, додаваат мештаните.
Слична слика има и во селото Мало Коњари – родното место на легендарниот Силјан штркот од делата на Марко Цепенков – каде исто така се чувствува заминувањето на овие величествени птици.
Во време на климатски промени, прилепчани се надеваат дека ништо нема да ја наруши вековната традиција и повторно ќе ги пречекаат нивните верни гости напролет.