Споменикот на Александар Турунџев поставен на кружниот тек кај Ат-пазар

Споменикот на познатиот македонски војвода Александар Турунџев денес од општинскиот двор беше пренесен и поставен на постаментот на новоизградениот кружен тек кај Ат-пазар, во близина на ветеринарната станица.

Во наредните денови ќе се изведуваат завршните работи на постаментот, како и хортикултурно уредување на просторот околу него. Според плановите, целосното уредување ќе заврши до 30 август, кога ќе се одбележат 120 години од смртта на војводата.

Одлуката за подигнување на споменикот беше донесена во 2015 година. Скулптурата беше изработена и сместена во општинскиот двор пред осум години, но за нејзиното поставување на местото каде што Турунџев бил обесен, требаше претходно да се изгради кружниот тек.

Со завршувањето на кружниот тек, споменикот добива свое достојно место и ќе биде дел од новоуредениот јавен простор во Битола.

Слични Објави