ВИКЕНДОВ БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ЗА БИТОЛЧАНИ ДО СТРЕЖЕВО И ПЕЛИСТЕР
Поради температурната инверзија која што деновиве се случува во Пелагониската котлина, особено во Битола, што резултира со ниски температури и густа магла, општина Битола за време не престојниот викенд ќе организира бесплатен превоз до скијачките терени на Стрежево и Копанки, каде што граѓаните ќе можат да уживаат во сонцето, повисоките температури и чистиот воздух.
Во текот на утрешниот ден, детално ќе бидат соопштени деталите околу превозот.- известуваат од Општина Битола
Во меѓувреме, Општина Битола редовно го следи состојбите со квалитетот на амбиенталниот воздух во градот, преку двете официјални мерни станици Битола 1 и Битола 2, како и препораките кои што доаѓаат од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање. Во текот на вчерашниот ден, општина Битола веќе објави дека во текот на два последователни дена, прагот е надминат во мерната станица Битола 2. Исто така, општина Битола веќе врши вонредни инспекциски надзори за контрола на Б интегрирани дозволи, казнување и опомена за горење на несоодветни опасни материјали, забраната за горење на отворено итн, согласно мерките пропишани од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање за инспекциски надзори од страна на општинските служби.