|

Прилепчанецот Антонио со пешачење и трчање до Острог – ЗА НАШИТЕ МАЛИ ХЕРОИ! 

Антонио Пандовски од Прилеп годинава планира да го исполни својот најголем животен предизвик – пеш и трчајќи да стигне од Ниш до Манастирот Свети Василиј Острошки во Црна Гора. Овој подвиг има длабока лична и хумана цел.

Антонио ќе го посвети својот поход на своите починати родители, но и на децата кои се борат со канцер. Преку оваа мисија тој има намера да собере финансиски средства за да помогне во нивното лекување и поддршка.

„Сакам со вас да ја споделам мојата најголема животна желба – трчање и пешачење до Манастир Острог во чест на моите родители. Овој подвиг сакам да го реализирам во јули, доколку сè оди по план. Покрај тоа, сакам ова да биде хуманитарен подвиг, за собирање средства за децата кои се борат со канцер. Ајде сите заедно да покажеме дека сме хумана држава,“ напиша Антонио на својот Фејсбук профил.

За реализација на оваа иницијатива, Антонио апелира за поддршка од фондации, општествено одговорни компании и хумани поединци. Тој исто така повикува велосипедисти да му се приклучат и да му помогнат со логистичката организација за време на патувањето.

Слични Објави