Апел на граѓанската иницијатива „Спас за Прилеп“ !
Прилепчани, да се освестиме што поскоро, зашто големите магнати кои експлоатираат минерални суровини, особено мермер немаат намера да остават ништо за нашите идни генерации. Експлоатираат без милост, без содветна методологија и со ефикасна технологија. Буквално ги уништуваат планинте околу нашиот град, влечкаат илјадници кубици најквалитетен материјал -мермер , гранит и други минерални суровини.
За, жал, по нив останува пустош, не преземаат никакви чекори за санација, рекултивирање и ревитализација, уништуваат непроценливо културно наследство, а надлежните инспекции и институции, замижуваат пред ваквата состојба. Концсиите, експлоатацијата и огромните копови, кои уништија добар дела од природниот амбиент околу Прилеп се повеќе го стеснуваат нашиот животен простор, а штетните последици по воздухот, водата -основните услови за живот, можеме само да ретпоставуваме во каква сотојба се доведени.
Ваквиот однос кон нашиот животен простор треба да се запре под итно ако сакаме да зачуваме дел од условите, кои се основа за иднината на животот на овој простор. За жал, највисоките фактори во државата, па и од општината, му пристапуваат на овој проблем со потценување, без вистински однос и став, а за вистинска загриженост и да не говориме. Затоа, проблемот можеме да го решиме самоние, обичните граѓани, кои ги трпиме последиците на овој варварски чин кон природата, природните вредности и културното наследство – основа на развојот и иднината на општина Прилеп, која од огромното богатство нема, речиси, ништо.