|

Собраните средства при обиколката со Светиот Крст ги донираа за самохрани родители со малолетни деца

Верниците кои учествуваја во чинот на извлекување на Крстот од осветените води на река Шемница, собраните средства при обиколката со Светиот Крст низ село Могила, ги донират за самохрани родители со малолетни деца од село Могила на кои оваа помош му е најпотребна, донаците се во ваучер за бела техника, храна и дрва за огрев.

Овој хуман гест на верниците кои се пуштаја во водите на река Шемница во Могила нека послужи како пример и за наредни години и во другите населени места.

Поддршката од Општина Могила дополнително ја нагласува важноста на ваквите акции, истакнувајќи ја нивната подготвеност да бидат партнер во слични иницијативи. Ова е одлична инспирација за останатите заедници да организираат слични активности и да покажат грижа за своите сограѓани.

„Општина Могила ја поздравува и се приклучува на акцијата за донација. Општина Могила секогаш ќе ги поддржува ваквите хумани гестови, акции и идеи.“ изјавија од општина Могила

Слични Објави