| |

9ти РЕТРО СПОЈ ВО МОГИЛА – ЕХ МОГИЛА, ШУБА СИ (видео)

Сношти, под отворено небо, за стотици посетители, Могила повторно понуди супер забава. Се одржа деветтото издание на Меѓугенерацискиот Ретро Спој, настан што веќе девет години по ред обединува генерации и создава незаборавни спомени.

Во организација на локалниот организациски одбор и со поддршка од Општина Могила и градоначалникот Саботквски, синоќешниот настан уште еднаш потврди зошто оваа ретро вечер е една од најочекуваните во регионот.

Сцената прво беше препуштена на домашните диџеи – имиња кои со години наназад се двигатели на музичкиот и културниот живот во Могила. Со своите сетови ја загреаја публиката и создадоа атмосфера полна со енергија и емоции.

Кулминацијата на вечерта беше настапот на една од најпопуларните македонски групи – Куку Леле, кои приредија вистински музички спектакл. Со добро познатите хитови, заразна енергија и интеракција со публиката, членовите на бендот уште еднаш покажаа зошто важат за музички спој на генерациите.

Настанот помина во одлична атмосфера, без инциденти, а публиката си замина со широка насмевка и полни срца. Многумина веќе со нетрпение го очекуваат јубилејното, десетто издание догодина.

Могила сношти беше симбол на заедништвото, радоста и сплотеноста – таму каде што младите и постарите заедно слават, танцуваат и ги негуваат вредностите на заедницата.

Слични Објави