Прилепски обичаи: Касапски грав на Чист Понделник (видео)
На „Чист Понеделник“, ден после Прочка, мечкарите веќе ги симнале кожите и се упатуваат кон манастирот Св.Ѓорѓија во с.Присад и таму го варат „Касапскиот грав“. Легендата вели дека овој грав се вари само во масло и без капка вода.
„Чист Понеделник“ е многу важен празник за христијаните. После Прочка, со чиста душа да се влезе во Велигденските пости.