|

Прилепски театар со Шекспировата “Бура” на МТФ

Претставата „Бура“ во режија на Џон Блондел, продукција на театарот „Војдан Чернодрински“, ќе биде изведена на 10 јуни со почеток од 22:30 часот на сцената на Центарот за култура во Прилеп, во рамките на 59. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.



Во актерската екипа се: Игор Трпчески, Ангела Наумоска, Даниела Иваноска, Наташа Ачански, Димитар Ѓорѓиевски, Александар Тодески, Михајло Миленкоски, Катерина Чакмакоска – Клинческа и Ана Митоска.

Претставата „Бура“, инспирирана од едно од најпознатите дела на Вилијам Шекспир, нуди современ пристап кон класичната приказна, во препознатливиот режисерски израз на Блондел.

Слични Објави