38-ма Петровденска манифестација во с. Долно Српци
Синоќа по 38ми пат, по повод големиот христијански празник Петровден во село Долно Српци во Општина Могила се одржа Петровденска манифестација.



Традицијата е нешто свето, оставена од дедовина, наше е да ја продолжиме да ја негуваме, и предаваме од колено на колено.
Петровден — православен празник што се одбележува секоја година на 12 јули. Празникот е посветен на Апостол Петар. Сe смета за еден од најголемите празници по Велигден.
Петровден повеќе се смета за црковен празник. Постарите луѓе одат во црквата, а кој постел во Петровденскиот пост се причестува. На овој ден може и да се работи зашто е во време на најголемата жетва, а според верувањето дури и светецот (Св. Петар) тој ден земал срп и жнеел. Некој го држат празник само до пладне, а попладне работат.
На иконата светите апостоли Петар и Павле се претставени заедно, Петар со клучеви од рајот, а Павле со меч, симбол на сопствената смрт. И двајцата држат отворени книги. На празникот му претходи Петровденскиот пост чија должина зависи од празникот Велигден. Имено, овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината, започнува од првата недела по Дуовден, а бидејќи овој празник е со непостојан датум и зависи од Велигден, така и петровденскиот пост трае различно.
Празникот е поврзан со жетвата и првите плодови, младите животни (на пр. се коле најмладото пиле за Петровден)
Петровденски собори (порано, биле многу важни за социјалниот живот) биле многу очекуван собир, во минатото и биле поврзани со изборот на партнер / партнерка (загледување на девојките, затоа што на тој ден сите се враќаат од печалба).
Во народното верување, Петар бил богат и кабадаија, а Павле сиромав и праведлив.