Експонати кои зборуваат – Музејот за тутун збогатен и со каширани фотографии – Интерјву: Александар Цветкоски (видео)
Како дел од манифестацијата „Денови на европското културно наследство“, денес во Музејот за тутун – Прилеп, беше отворена изложбата на каширани фотографии „Акултурација на феноменот на тутунот во Македонија“. Поинаку изложбата може да се нарече „Приказна за Приказните“, или какви приказни створил тутунот кај нас и што ние сме направиле од него. По тој повод, разговаравме со Александар Цветкоски, кој е инспиратор и водич низ приказната која тутунот како земјоделска култура ја носи во себе.
Погледнете го интервјуто: